Merlo & Teroldego

Во светот постоjат помалку од 40 Хектари со ваков насад. Креирано од големиот Италиjански витикултурист Ребо Риготи како наjвисоко достигнуван е во неговата
кариера. Грозjето ги има сите предности на Мерло, но додадени се и посебните специфики на Теролдего.
Ова вино е од уникатен насад, веднаш под Билино Планина, под врвот Герман, предел со наjголема дневно ноќна температурна разлика во државата. Има уникатна виолетова боjа, моќно тело со невероjатно долга завршница.

Се служи исклучиво само со скара, пастрмаjлиjа, локални месни специjалитети, печено месо, печена патка!!!
Виното е од првата берба 2020 од нов лозов насад, произведено во количина од 700 шишиња. Кратовско виногорjе. Вино со контролирано и гарантирано потекло – ВКГП.

При винифицирањето употребена е традиционална техника од виногорjето стара повеќе од 2 века. Во комплексноста jасно се чувствува обележjето на тнр. коминак, – продолжено одлежување на комина и долгото нефилтрирање. Висока содржина на росвератол !!!